Skip to main content
Хроника

Мајка ја тепала 12-годишната ќерка, доби кривична пријава

01/11/2026  13:23

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(39) од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда” и „неизвршување на судска одлука”.

На 09.10.2026 во Берово, пријавената физичка ја нападнала нејзината 12-годишна ќерка и постапила спротивно на Решение за заштита од семејно насилство, издадено од Основен суд Берово.