Skip to main content
Хроника

Со запалива течност опожарил паркирано возило во Скопје, полицијата го бара

01/11/2026  13:42

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада” во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје.

Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.