Skip to main content
Магазин

Голем пад на биткоинот, цената меѓу најниските годинава

20/11/2026  23:20

Биткоинот во петокот падна под 59.000 долари и се спушти на едно од најниските нивоа годинава. Падот доаѓа во услови на поширока распродажба на криптовалути и технолошки акции на американските берзи. Етерот, втората најголема криптовалута, загуби околу 7 отсто и падна на приближно 1.627 долари, објави „КоинДеск“. 

Претходно истиот ден, биткоинот се спушти под 60.000 долари првпат од јули. Во моментот кога „Ројтерс“ извести за падот, тој се тргуваше по 59.381 долар, што претставуваше дневен пад од 3,45 отсто. Во исто време, етерот беше во минус од 5,23 отсто и се тргуваше по 1.648,91 долар. Цените на двете криптовалути потоа дополнително се намалија. 

Со последниот пад, биткоинот го избриша растот од август и септември и се приближи до летното дно од околу 57.700 долари, според „КоинДеск“.