
Четириесет и седумгодишна жена од Турција е пронајдена почината во стан во скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 19 ноември во 22:45 часот. Според МВР, станува збор за Д. Б. (47) од Република Турција.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.



