
На 20.11.2026 ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против А.Д.(31) од Прилеп поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „Лихварство“ предвидено и казниво по член 260 ст.2 в.в ст.1 од Кривичниот законик.
Имено, А.Д. му дал пари на заем на едно лице, во два наврати во вкупен износ од 7,500 денари, со договор да му врати поголема сума на пари во износ од 12,500 денари, со намера да се стекне со несразмерна имотна корист, а како залог А.Д. од лицето земал и предмети, еден рачен часовник и еден мобилен телефон.

