Search

Пораката од Твитер профилот на Јохан Кројф го обиколи цел свет: Никогаш не сум видел како торба со пари…

Ајакс ги освои симпатиите на неутралните фудбалски фанови со маестралното издание кое го имаше на едно од најтешките гостувања во светот на фудбалот, уште еднаш покажувајќи дека парите и големите фудбалски имиња не мора да значат ништо во фудбалот, или поточно на теренот каде треба да се докаже знаењето и желбата за надигрување.

Холандскиот фудбалски великан во изминативе две децении не може да се носи финансиски со најголемите клубови во Европа, но изминатава вечер се покажа во светло како во најдобрите времиња, фрлајќи го „кралот“ на колена среде Мадрид. Ајакс го победи Реал Мадрид со 1:4 и го остави во втор план поразот од првиот меч во Холандија, а во моменти на голема еуфорија, во светската фудбалска јавност посебно внимание привлече пораката која се појави на официјалниот Твитер профил на незаборавниот Јохан Кројф.

Маркетинг тимот на неповторливиот холандски гениј потсети на една незаборавна изјава од Кројф, а истата експресно стана топ тема на социјалните мрежи каде доби милиони споделувања.

– Зошто да не можеш да победиш побогат клуб? Никогаш не сум видел како торба со пари постигнува гол, – гласи изјавата која е само уште едно големо наследство кое го остави Кројф.

Треба да знаете
Последни објави