Search

Нигериецот Рашид Содик ја засилува одбраната на Работнички

Рашид Содик официјално е новиот фудбалер на Работнички, кој треба да претставува сериозно засилување за одбранбениот бедем во составот на Милан Илиевски.

Нигерискиот интернационалец Содик потпиша двегодишен договор со Работнички и од утре се вклучува во тренажниот процес на тимот.

Чест ми е што ќе го носам дресот на Работнички. Кога пристигна понудата, воопшто не се двоумев. Добро знам какво е педигрето на овој клуб во македонскиот фудбал. Се надевам дека ќе дадам придонес во остварување на целите на клубот во наредниот период – изјави Содик.

Добро ја знае состојбата во македонскиот фудбал, со оглед дека минатата сезона беше член на ФК Скопје, за кој одигра 16 натпревари или вкупно 2,227 минути и беше еден од најистакнатите поединци во тимот.

Кариерата ја почна во нигерискиот клуб Ремо Старс, а за првпат во Европа пристигна во редовите на норвешкиот клуб Фремад Амагер. Има настапувано и за Аланија Владикавказ и за Виста Геленѕик.

Треба да знаете
Последни објави