Search

Двајца Украинци избодени со нож во трговски центар во Германија, уапсен Русин

Руски државјанин (57) во саботата вечер со нож избодел двајца Украинци во трговски центар во Мурнау, Германија.

Според соопштението на баварската полиција, првата жртва, 36-годишен Украинец, починал на местото на настанот, а 23-годишен маж вечерта во болница им подлегнал на повредите.

Баварската полиција соопшти дека 57-годишен Русин е уапсен „на домашна адреса недалеку од местото на злосторството“.

„Веднаш била известена итна помош и на лице место било констатирано дека едно од лицата веќе им подлегнало на тешките повреди. Другиот маж, кај кој биле констатирани тешки повреди, починал откако бил пренесен во блиската болница, и покрај обидите да го оживеат “, се вели во соопштението на полицијата.

Истрагата е во тек, а баварската полиција ги повика сведоците да излезат за да им помогнат да го утврдат мотивот за нападот, пишува Киев пост.

Треба да знаете
Последни објави