Search

Петровска: Делата зборуваат погласно од зборовите, го зголемуваме бројот на транспортните возила на Армијата

Делата зборуваат погласно од зборовите, норвешка донација од 76 неборбени моторни возила, од кои 36 лесни пешадиски возила и 40 камиони SCANIA значително ќе придонесат за зголемување на транспортните можности на едниците на Армијата, пишува на социјалните мрежи министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа додаде дека на овој начин се зајакнува Армија на Република Северна Македонија, се зајакнува и мирот, безбедноста и стабилноста на Алијансата.

„Соработката помеѓу Северна Македонија и Кралството Норвешка го отсликува цврстото сојузништво во Алијансата“ порача Петровска.

Треба да знаете
Последни објави