Search

Страв и ужас во Турција, Волкан Демирел моли за помош по разорниот земјотрес (ВИДЕО)

Повеќе од 1.500 луѓе загинаа во јужна Турција и Сирија во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер, а неколку часа подоцна следеше уште еден многу силен земјотрес со јачина од 7,5 степени.
Тие земјотреси беа регистрирани дури и на Гренланд.
Билансот на жртви е привремена бројка и се очекува бројот на загинати да се зголеми бидејќи многумина се затрупани под урнатините. За среќа, сите македонски интернационалци кои настапуваат во Турција се добро.
Тоа е најголемиот земјотрес во Турција од 17 август 1999 година, кога загинаа 17.000 луѓе, од кои 1.000 во Истанбул.
За жал, и фудбалскиот свет е во жалост откако турскиот второлигаш Малатијаспор објави дека исчезнат голманот Ејуп Туркаслан.
Исто така, од Турција пристигна информација дека под урнатините се и поранешниот фудбалер на Челси, Кристијан Атсу и спортскиот директор на Хатајспор, Танер Савут.
Тренерот на тимот, Волкан Демирел, играчка легенда во Турција, во солзи и се обрати на јавноста и побара помош за Хатај и за цела Турција.

Треба да знаете
Последни објави