Search

Ако сте пиеле алкохол и сакате што побрзо да се опоравите, подгответе ги овие пијалоци наутро

Многу луѓе сакаат да испијат по неколку пијачки кога излегуваат или се дружат со пријателите. Но, пиењето алкохол може да предизвика непријатен мамурлак и главоболка следното утро. Ако не сакате да поминете половина ден по излегувањето во кревет со силна главоболка и многу уморни, можете да подготвите еден од овие вкусни и здрави напитоци кои ќе ви помогнат што побрзо да се опоравите од алкохолот.

Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир е познат по многуте благодети, а една од нив е позитивното делување на главоболките после забавата претходната вечер. Ѓумбирот е богат со антиинфламаторни својства кои помагаат во намалување на главоболката и воспалението предизвикано од алкохолот. Ако претходната вечер сте испиле повеќе од вообичаено, направете шолја чај од ѓумбир и додадете мелена куркума и црн пипер за да го детоксицирате црниот дроб.

Вода со лимон
Водата со лимон не само што е вкусна и освежителна, туку е преполна со лимонска киселина и има алкализирачки ефект, пренесува Health Shots. Пиењето вода со лимон може да помогне да се отстранат токсините од телото и да се воспостави рамнотежа на pH што може да го олесни природниот процес на детоксикација на телото.

Сок од цвекло
Цвеклото е зеленчук кој е многу здрав, па нема да изненади многумина што се препорачува да се пие во течна форма по пиење алкохол. Овој зеленчук содржи соединенија кои можат да помогнат во детоксикација на црниот дроб, елиминирање на нуспроизводите од алкохол и намалување на мамурлакот. Се препорачува наутро да се испие чаша сок од цвекло со цел да се зголеми протокот на крв и доставувањето на кислород до ткивата, што може да влијае на ублажување на главоболката и мамурлукот.

Вода со краставици и нане
Друга освежителна опција е пиењето вода од краставица и нане. Оваа одлична комбинација може да помогне во промовирањето на детоксикацијата, да го стимулира варењето и да ве освежи и да ве разбуди првото нешто наутро, пренесува Health Shots. Можете да пиете вода со краставици и нане дури и ако не сте пиеле алкохол претходната ноќ; секогаш ќе го има истиот освежувачки ефект.

Треба да знаете
Последни објави