Search

Нагелсман тргнал да ги тепа судиите по поразот на Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен доживеа пораз (3:2) на вчерашното гостување кај Борусија Менхенгладбах, а баварскиот тим по само десетина минути остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Упамекано.

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, не го прифати најдобро судењето на овој меч, па според „Билд“ дивеел во соблекувалните и се обидел да ги нападне судиите.

„Емоциите се дел од спортот, но морам да се извинам за изборот на зборови што му ги упатив на судијата Тобијас Велш и на неговите помошници. За жал, отидов предалеку“, изјави Нагелсман откако ја смири нервозата.

Поразот на Баерн Минхен му нуди можност на Унион Берлин со евентуална победа денеска дома против Шалке да се врати на врвот на табелата во Бундеслигата.

Треба да знаете
Последни објави