Search

Чави: Гризман може да биде проблем за Барселона

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман втора година по ред се поврзува со преселба во шпанскиот шампион Барселона. Минатата година Гризман во последен момент одлучи да се откаже од каталонците и да остане во Атлетико Мадрид каде потпиша нов договор за да сега се покае и јавно порача дека му е потребен нов предизвик надвор од „Ванда Метрополитано“.

Медиумите веќе пишуваат дека Барса сигурно ќе биде следната дестинација за Французинот, но има такви инфомрации дека дел од соблекувалната на каталонците е против овој трансфер. Токму ова според легендарниот Чави Ернандез може да биде проблем за тимот од „Камп Ноу“, односно верува дека мора да се разјаснат сите дилеми, прашања пред да се комплетира трансферот.

-Разбирам дека е болно тоа што го направи минатото лето. Ако играчите го одбиваат и тоа е само фудбалска причина, би разговарал со соблекувалната за да разберат дека тој е играчот кој може да донесе нешто плус. Ама мораме да видиме кој го носи? Спортскиот директор? Валверде? Претседателот? Ако јас дојдам во Барселона и побарам засилувања, а соблекувалната не се согласува тогаш ќе зборувам со нив, ама на крајот јас ќе одлучам. Без разлика дали е Гризман или некој друг. Друга работа е ако тренерот не го сака, тогаш имаме проблем. Кога ја видов насловната на „Спорт“ си реков: Ова мора да го знаете, не го ставате тоа на насловна ако немате информации, -истакнал Чави.

Треба да знаете
Последни објави