Search

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да сноси одговорност

Штетата од поплавата која се случи ноќеска околу еден часот по полноќ на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е санирана. На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, по што биле поплавени речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болничките соби на првиот кат, ходниците на приземјето, чекалната, сè до амбулантата на Оториноларингологија и дел од подрумските простории. Денеска министерот за здравство Илир Демири запрашан да појасни за наводите кои беа изнесени во јавноста дека не е потпишан догворо за осигурување на објектот рече дека ако е тоа точно менаџментот на Токсикологија треба да сноси одговорност. -За тоа дали е потпишан договор за осигурување на Клиниката, мора да проверам дали е тоа случај или не, рече Демири. Министерот појасни дека Клиничкиот центар има заеднички служби чија примарна обврска е да се грижат за Клинички. Во нив, според него, е вклучена и обврската да интервенираат во случај на сите хаварии што може да настанат.

Треба да знаете
Последни објави