Search

МЕТЕО НАЈАВА: ПРВИ И ЗА ВТОРИ МАЈ, КАКО И ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

Метео анализа на Славчо Попоски:

Оваа година за 1 и за 2 мај, како и за Велигденските празници повторно ќе имаме нестабилно време, и тоа со попладневни локални поројни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.

Поради загреаната Атмосфера не се исклучува можноста локално процесите да бидат и во вид на невреме, односно тие да бидат нешто поинтензивни. Ова ваши и за Скопскиот регион, каде во делови од него можна е попладневна појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие остануваат пролетни и ќе се искачуваат во интервалот некаде од 21 до 27 степени.

Треба да знаете
Последни објави