Search

Салах за ЛШ: Подготвен сум да го жртвувам својот сон поради тимот

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е подготвен да се откаже од своите амбиции за трофејот во Лигата на шампионите, но се надева дека неговиот тим ќе ја освои титулата во Премиер лигата.

 

– Лигата на Шампионите е најпрестижниот клупски турнир. Но мојот сон и на клубот, и на градот е шампионската титула во Премиер лигата. Затоа, јас сум подготвен да го жртвувам својот сон поради тимот и неговиот сон. Се разбира, ќе биде идеално да успееме да победиме и во двата турнири, тоа ќе биде фантастично достигнување. Ќе дадеме се од себе“, прокоментира египетскиот репрезентативец изјави Салах.

Ливерпул го зазема второто место во Премиер лигата со предност од 73 поени и заостанува бод од лидерот Манчестер Сити, а до крајот на шампионатот остануваат 8 круга.

Во Лигата на шампионите Ливерпул гостува на Баерн Минхен во реванш дуелот од осминафиналето на турнирот утре, 13 март, од 21:00 часот. Во првиот натпревар двете екипи одиграа без голови.

Треба да знаете
Последни објави