Search

Баер Леверкузен и Аталанта во финалето од ЛЕ

Новиот германски фудбалски првак Баер Леверкузан и италијанската Аталанта ќе играат во финалето од Лига Европа на 22 мај во Даблин. Баер Леверкузен на домашен терен одиграа нерешено 2:2 против Рома, но во финалето патува благодарение на триумфот од првиот меч во Италија од 2:0. На „Бај Арена“ водеше „волчицата“ со два погодоци од пенал на Паредес по нешто повеќе од еден час игра ја анулираа предоста на „фармацевтите“ кои до реми стаса во финишот од мечот со автогол на Манчини и погодкот на Станишиќ во 97 минмута од судиското продолжение. Противник на Баер Леверкузен во финалето Аталанта која пред своите навивачи во Бергамо со 3:0 го совлада Марсеј. Првиот дуел во Франција заврши без победник (1:1).

Треба да знаете
Последни објави