Search

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Градоначалникот на Општина Тетово и претседател на Движењето Беса дел од Коалицијата „Влен“, Биљал Касами вели дека од понеделник се очекува да почнат разговорите за формирање на новата влада. -Во текот на оваа недела ќе треба да ги имаме готови работните групи, а доколку не, за време на викендот и најверојатно од понеделник да почне официјализирањето на средбите и координацијата на активностите околу формирањето на владата. Секако, кадровските прашања ќе бидат дел од втората фаза на разговори. Она што е поважно е дека оваа коалиција ќе продолжи да биде гарант за интеграцијата на земјата во ЕУ и гарант за правата на Албанците, бидејќи изборите покажаа дека го добивме мандатот на Албанците да ги претставуваме и донесуваме одлуки кои се за доброто на сите граѓани и на државата кон европската интеграција, порача Касами. Запрашан дали тој ќе преземе функција во извршната власт, Касами одговори дека ќе продолжи со работата како градоначалник на Општина Тетово.

Треба да знаете
Последни објави