Search

Коке: Резултатот од првиот меч ништо не значи

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Коке, пред реваншот со Јувентус во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, рекол дека неговиот тим не е фаворит и покрај предноста од 2:0.

„Резултатот од првиот натпревар е позитивен за нас, но тој резултат не е конечен. Мораме внимателно да влеземе во реваншот, како да немаме никаква предност. Сите сме свесни дека е тоа така“, скромно им се обратил на новинарите еден од играчите со најдолг стаж во Атлетико.

„Сите сакаме да избориме пласман во наредната рунда, меѓутоа јасно е дека тоа нема да биде лесно. Јувенус има феноменален тим, способен за миг да направи резултат што им одговара. Ние треба да ги спречиме во нивните намери. Мораме да дадеме се од себе, иако тие ќе ја имаат и публиката на своја страна. Сепак во мислите треба да ние дека на теренот сме еднакви“, заклучил Коке.

Реванш мечот во Торино, помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид, ќе започне во 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави