Search

Господин Раул: Легендарниот капитен дебитираше на клупата на Реал со уникатен гест кон противникот

Легендарниот Раул Гонзалес во текот на вчерашниот ден дебитираше на клупата на Хувенил Б тимот на Реал Мадрид, а уште на својот прв натпревар како предводник од клупата, незаборавниот капитен на „кралевите“ прикажа голема класа која го красеше и за време на играчката кариера.

Раул важеше за голем фудбалски џентлмен кој важеше за пример на теренот, па така сега на својот прв натпревар како тренер на младиот тим на Реал направи нешто кое им ги стопли срцата на фудбалските фанови. Еден од противничките играчи побара вода крај аут линијата, а Раул немаше никаков проблем да му го даде своето шише со што се покажа како голем џентлмен.

Инаку, неговиот тим го доби натпреварот со Леганес со 1:4, само два дена откако неочекуван отказ заработи досегашниот предводник на младинскиот погон, Алваро Бенито.

Треба да знаете
Последни објави