Search

Претседателот на OK ВМРО-ДПМНЕ Маврово и Ростуше навредувал полицајци на граница, па бил приведен

Функционери и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, одново се заканувале и навредувале полициски службеници.

Овој пат претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово и Ростуше, Харис Ибраими ги навредувал полициските службеници на граничен премин, додека траеле проверките, јавуваат повеќе медиуми.

Тој ги дал документите за провека, но почнал да се расправа со полициските службеници дека предолго траат граничните проверки, а од вербална расправија  реториката прераснала во омаловажувачка реторика кон полицискиот службеник.

Поради тоа, лицето било приведено со цел преземање на понатамошни мерки и документирање на фактичка состојба и било утврдено дека тој сторил прекршок.

Треба да знаете
Последни објави