Search

Арсен Венгер се збогуваше со навивачите на Арсенал: Ќе ми недостасувате

Арсен Венгер вчера се збогуваше со навивачите на Арсенал на „Емирати“ во Лондон – порача дека ќе му недостасуваат сите.

Натпреварот против Барнли кој што „Топчиите“ го добија со 5:0 беше последниот за легендарниот Французин пред навивачите на Арсенал.

После натпреварот, Арсен Венгер се збогуваше со навивачите со емотивен говор.

„За крај, сакам да кажам дека само Арсенал е важен. Ви благодарам што ме трпевте толку години. Знам дека тоа не беше лесно, но и јас сум како вас, навивач на Арсенал. Од вас барам само да ги поддржите играчите и тимот во наредните сезони, затоа што тие тоа го заслужуваат. Ќе го завршам овој говор со кратка реченица. Ќе ми недостасувате. Ви благодарам на сите што бевте важен дел од мојот живот“, изјави Венгер кој својата кариера како тренер на Арсенал ја заврши со 17 освоени титули.

Треба да знаете
Последни објави