Search

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Раководството на фудбалскиот клуб Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои на натпреварот против Манчестер Јунајтед навредливо скандираа за трагедијата во Минхен од 1958 година, во која загинаа осум фудбалери на Јунајтед.

Во саботата Барнли успеа да освои бод против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (1-1), а на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат скандирања и недолични гестови меѓу навивачите на Барнли поврзани со трагедијата во Минхен.

„Гестови и скандирање во врска со трагедијата е целосно неприфатливо однесување и фудбалскиот клуб Барнли нема да го толерира. Ќе работиме со полицијата и Манчестер Јунајтед за да помогнеме во идентификување и кривично гонење на одговорните“, се вели во соопштението за печатот на Барнли, пренесува BBC.

Во авионска несреќа во Минхен во 1958 година, загинаа 23 лица, меѓу кои и осум фудбалери на Манчестер Јунајтед. Минатиот месец, британската полиција уапси двајца мажи кои скандирале за трагедијата за време на натпреварот од ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд. Поради истиот инцидент, исто така во март, по натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Сити беше уапсен маж.

Треба да знаете
Последни објави