Search

Утре ќе биде позната судбината на Дибала

И натаму трае неизвесноста околу иднината на напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала.

Иднината на Аргентинецот во Торино е неизвесна и италијанските медиуми пренесуваат дека во текот на оваа седмица ќе се вршат последните преговори помеѓу Јувентус и ПСЖ за евентуален негов трансфер на „Паркот на принцовите“.

Дибала неодамна одби да премине во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а според италијанските медиуми, најголема е веројатноста да се пресели во ПСЖ затоа што парижаните го сметаат како најсоодветна замена за Нејмар.

Наводно за утре е закажан состанок кога и дефинитивно ќе се знае дали Дибала ќе го напушти Јувентус или пак ќе остане во Торино.

Треба да знаете
Последни објави