Search

Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ е на проширување на Унијата на Западен Балкан

За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата. објави унгарската агенција МТИ.

„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.

Тој посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.

„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата премиери на Централна Европа за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија истакна дека Централна Европа ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.

Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.

Треба да знаете
Последни објави