Search

Пријател на Сала го посочи главниот виновник:Емилијано не сакаше да се качи во авионот

Во текот денот пристигнаа и првите видео снимки и фотографии од потонатиот авион во кој се превезуваа Емилијано Сала и пилотот Ајботсон, а официјалните лица пренесоа дека во внатрешноста на леталото имало и едно безживотно тело кое може да биде идентификувано само кога ќе биде извлечен авионот.

Засега нема точни информации кога ќе биде преземена ваква акција, но во меѓувреме доста многу реакции предизивика една изјава на еден близок пријател кој одлучи да го посочи главниот виновник за големата несреќа што се случи над Каналските Острови. Како што вели Максимилијано Дуарте, Емилијано Сала воопшто не сакал да се качи во авионот, па без влакна на јазикот го обвини неговиот агент како главен виновник за трагедијата.

– Има само еден виновник, а тоа е неговиот агент. Има само една голема вистина околу ова. Емилијано никога не сакаше да се качи во тоа авионче. Беше приморан да го прифати тоа како професионален играч. Еми го натераа да се качи таа ноќ во авионот, иако јас го советував да не го направи тоа бидејќи временските услови не беа најдобри, – порачува Дуарте, агресивно напаѓајќи го агентот на Сала, Вили МекКеј кој претходно призна дека тој му го договорил „Пајпер“ авионот кој потона под вода.

Треба да знаете
Последни објави