Search

Почина бебето кое беше извлечено живо од утробата на мајката убиена во Газа

Бебето кое беше извадено живо од утробата на мајката убиена во израелски воздушен напад на југот на Газа пред неколку дена, почина во четвртокот.

Бебето Сабрен ал Сакани беше извлечено живо со царски рез од утробата на една Палестинка во болница во Рафа во неделата.

Сепак, таа почина во четвртокот и беше погребана покрај нејзината мајка, чие име го наследи, пренесува Би-Би-Си.

Бебето Сабрен беше меѓу 16-те деца убиени во двата напади во Рафа минатата недела. Сите загинале во бомбардирањето на станбената зграда во која живееле.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека инфраструктурата и борците на Хамас – група означена како терористичка организација од САД и ЕУ – биле цел на нивното бомбардирање.

Нејзината мајка, Сабрен Ал-Сакани, била бремена во 30-та недела кога Израел го бомбардираше нејзиниот дом кратко пред полноќ во саботата додека таа, нејзиниот сопруг Шукри и нивната тригодишна ќерка Малак спиеле.

Сабрен била тешко повредена, додека нејзиниот сопруг и Малак биле убиени, но бебето било сè уште живо во нејзината утроба кога спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот.

Тие ја однеле Сабрен во болница, каде што лекарите направиле итен царски рез, а бебето беше сместена во инкубатор. Во тоа време, лекарите ја опишаа нејзината состојба како критична.

Повеќе од половина од населението на Газа од 2,3 милиони се пресели во Рафа за да го избегне израелското бомбардирање.

Војната на Израел во Газа против Хамас започна откако членовите на групата убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, и киднапираа околу 250 други за време на тој напад во јужен Израел.

Оттогаш, според палестинските здравствени власти, во израелската војна против Газа биле убиени повеќе од 34.000 Палестинци, од кои две третини деца и жени.

Треба да знаете
Последни објави