Search

Маркизио: Роналдо го промени стилот на игра откако е во Италија

Клаудио Маркизио изминатово лето го заврши својот животен сон и со тешко срце го напушти матичниот клуб Јувентус, но сепак ниту оддалеченоста не го спречува играчот за врска да ги следи сите случувања во омилениот тим кој оваа сезона ја стартуваше на импресивен начин.

Јувентус веќе неколку години важеше за тим кој има огромен потенцијал за највисоки дострели, а со пристигнувањето на Кристијано Роналдо, несомнено е дека тимот доби дополнителен плус кој може да го однесе клубот до најпосакуваната цел, односно титулата во Лигата на шампионите, единствениот трофеј кој не го освои „старата дама“ во изминативе осум години.

Роналдо експресно брзо се прилагоди во новата средина и веќе изгледа како играч кој долги години настапувал за Јувентус, а Маркизиот сега одлучи да направи анализа, со која всушност воочи дека Португалецот го променил стилот на игра во споредба со последните години во Реал Мадрид каде важеше само за финишер.

– Роналдо го промени својот стил на игра во Италија. Премногу често доаѓа да ја земе топката и тој е дел од изградбата на акцијата на тимот. Исто така, учествува при постигнувањето голови и дели асистенции. Тој е клучен играч на Јувентус, – смета Маркизио.

Треба да знаете
Последни објави