Search

Колинда се разбира и во фудбалска тактика: Треба да бидеме поагресивни во нападот

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ даде свое мислење за натпреварот против Азербејџан на кој репрезентацијата победи со 2:1 во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2020 и рече дека е задоволна од играта на избраниците на Златко Далиќ со оглед на тоа дека прв пат играа во оваа постава.

 

Хрватите во 19-тата минута добија изненадувачки гол и Азербејџан влезе во водство, но сѐ до 44-тата минута кога Баришиќ израмни на 1:1, Хрватите имаа големи проблеми да дојдат до израмнувањето. Во второто полувреме втората најдобра репрезентација на светот уште еднаш ја затреси гостинската мрежа – трите бода на отворањето на квалификациите им ги донесе Андреј Крамариќ со гол во 80-тата минута.

„Со оглед на тоа дека прв пат играа во ваква постава, мислам дека беше добро. Видовме колку бевме доминантни, не искористивме многу шанси, а тие од две шанси искористија една. Сметам дека многу играчи останаа во средината. Јас малку повеќе би ги турнала во напад. Сметам дека треба да бидеме малку поагресивни. Знаете како јас секогаш размислувам – без ризик нема добивка. Понекогаш треба малку да се ризикува“, изјави Колинда.

Таа најави дека ќе присуствува на следниот меч на „огнените“ против Унгарија на гости.

„До недела подобро ќе се усогласат и подобро ќе играат. Верувам дека тоа ќе биде подобар, поднамичен натпревар. Секако, очекувам победа“, вели Колинда.

Треба да знаете
Последни објави