Search

Зидан ја менува плочата, со една изјава навести дека Хамес Родригез и Герет Бејл се во …

По натпреварот со Рома, Зинедин Зидан зборуваше за составот со кој располага и со кој ќе влезе во новата натпреварувачка сезона.

Во ростерот, Французинот има двајца фудбалери за кого јасно е дека не ги сака во своите редови, а тоа се Герет Бејл и Хамес Родригез. Сепак, по последната изјава, Зидан како да се помирил дека тие ќе останат во клубот, па најави дека ќе смета на нив во новата сезона.

– Хамес и Бајл се дел од тимот. Се може да се случи до крајот на преодниот рок, но дотогаш тие се играчи на Реал Мадрид, а јас сметам на сите играчи со кои располагам, -истакна Зидан.

Бејл вчера се појави на натпреварот со Рома, меѓутоа Хамес Родригез се уште го чека првиот настап за Реал Мадрид по враќањето од позајмицата во Баерн Минхен.

Треба да знаете
Последни објави