Search

Бенитез има нов клуб и двојно поголема плата

Шпанецот Рафаел Бенитес официјално стана тренер на кинескиот клуб Далијан Јифанг. Бенитез пред една недела го напушти Њукасл, откако не успеа да се договори околу продолжувањето на соработката.

„По долго време се соочувам со нов предизвик. Среќен сум што ќе го започнам овој проект“, рекол Бенитез.

Челниците на Далијан го направија Бенитез еден од најплатените тренери во светот. Шпанецот ќе работи за годишна плата од 12 милиони евра.

Далијан во моментов се наоѓа на 10 место во Суперлигата на Кина.

Треба да знаете
Последни објави