Search

Рамос: Зошто никој не се сеќава на тоа дека моите деца добиваа смртни закани?

Репрезентациите на Шпанија и Англија минатиот викенд се судрија на „Вембли“ во рамките на Лигата на нациите, а Шпанците славеа против „Гордиот Албион“ со 2:1.

Серхио Рамос беше жестоко исвиркуван во текот на целиот натпревар, а новинарите по завршувањето на мечот го потсетија стоперот на Реал Мадрид дека бил исвиркуван најверојатно затоа што го повредил Мохамед Салах во финалето од Лигата на шампионите.

„Повторно зборуваме за тоа? Мене не ме допираат исвиркувањата затоа што сум навикнат на тоа, но ме нервира фактот што тоа не го гледаат од друг агол. Би сакал малку да размислат како ми е мене и да помислат на тоа дека моите деца добиваа смртни закани“, изјави Рамос и додаде:

„Никој не размислува за тоа што поминаа моите деца поради тоа. Никој не размислува за сериозните работи. Мојата совест е чиста и неколку пати кажав зошто е тоа така. Нема повторно да ви објаснувам“, изјави Рамос.

Треба да знаете
Последни објави