
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва поднесе оставка од функцијата за да може да учествува во предизборната кампања за парламентарните избори што се закажани на 25 октомври.
Тој на претпоследниот ден од неговиот мандат помилувал 49 лица, од кои 23 биле поврзани со протестите што траат речиси две години, потоа 12 луѓе од „Новисадската група“, како и 11 лица, кои учествувале во инциденти против „блокадерите“.
Вучиќ посочи дека утре ќе ги предаде своите должности на претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ, која ќе биде вршител на должноста претседател на Србија, како и дека првиот круг од претседателските избори ќе мора да се одржи до крајот на декември.

