Skip to main content
Македонија

Албанско знаме на полициско возило во Тетово – лицето е идентификувано и повикано на разговор

29/11/2026  16:44

Полицијата го утврдила идентитетот на лицето што поставило албанско знаме на полициско возило во Тетово за време на прославата на Денот на албанското знаме.

Како што информираат од МВР, идентитетот бил утврден по преземените мерки за расчистување на настанот на подрачјето на СВР Тетово.

Лицето е повикано на разговор во полициска станица во присуство на родител. Од МВР најавија дека откако случајот ќе биде целосно расчистен и документиран, ќе биде поднесен соодветен поднесок.