
Дел од жителите од Ново Лисиче утре ќе бидат без вода поради изведување водоводен приклучок.

-На ден 28.09.2026 година (понеделник) поради изведување водоводен приклучок од ф-150 мм на бул. Видое Смилевски – Бато б.б – кај полициската станица, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од бул. Видое Смилевски – Бато во Општина Аеродром – соопшти РЦУК по добиено известување од ЈП Водовод и Канализација.


