Skip to main content
Македонија

Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

29/11/2026  08:07

АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките делови од државата, додека на пониските места врнежите се со послаб интензитет.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

  • Од 18:00 часот на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража;
  • Од 22:15 часот на магистралниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир.
  • Од 00:20 на патот А-3 Битола – Ресен, премин Ѓавато 

На ден 29:11:2026 во 7:30 часот, прекината е забраната за тешки товарни возила на патен правец Ресен -Охрид превој Буково, патниот правец е прооден за сите видови на возила

На ден 29.11.2026 г. во 07.00 часот магистралниот пат А3 на патен правец Делчево-Граничен премин-Делчево пуштен е сообраќајот за сите видови возила и се одвива нормално.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.