Skip to main content
Uncategorized

АА: Бараме одговорност за нападот врз албанските работници на „Комунална хигиена“

29/11/2026  21:26

Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците:

Алијансата за Албанците остро го осудува нападот врз двајцата албански работници на Јавното претпријатие „Комунална хигиена” во Скопје, ноќта на 28 ноември.

Според информациите, напаѓачите, кои се претставиле како „Комити”, извршиле физичко насилство врз работниците за време на извршувањето на нивните работни обврски, откако ги прашале за нивната етничка припадност.

Овој случај предизвикува сериозни сомнежи за насилство мотивирано од етничка омраза и ги загрозува безбедноста и рамноправноста на албанските граѓани.

Бараме од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Астрит Исени итно идентификување и апсење на сите сторители на нападот, целосно расветлување на случајот и информирање на јавноста за преземените мерки.

Вербалната осуда на насилството не е доволна. Институциите имаат обврска да ја гарантираат безбедноста на секој граѓанин и да обезбедат никој да не остане неказнет за извршеното насилство.

Албанците имаат право слободно и безбедно да живеат, да работат и да се движат во Скопје и во секој град во државата.