Skip to main content
Хроника

Во изминатите 24 часа уапсени осум возачи

19/10/2026  14:38

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило” по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Р.(18), Б.Р.(26) и Б.К.(33), сите од Скопје и А.Ш.(24) од с.Мала Речица, тетовско.

Под дејство на алкохол возеле Е.Ј.(61) од Виница и В.П.(61) од Гевгелија. Додека пак, В.Ж.(57) и 36-годишната Н.З., двајцата од Србија, управувале патнички возила со многу поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.