Skip to main content
Хроника

21 годишен пешак удрен од автомобил во Гостивар

19/10/2026  14:27

На 18.10.2026 во 20:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на бул.„Браќа Гиноски” во Гостивар, патничко возило „шевролет спарк” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(69) од с.Неготино, гостиварско, удрило во пешакот А.З.(21) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 21-годишниот пешак, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.