
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника. СДС продолжува со истата политика да шири паника кај граѓаните, дезинформации и конструкции.
СДС исто како со пожарите минатата година, денес ликува на водата. СДС и Филипче собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар.
СДС и Филипче немаат одговрност, не нудат решенија туку креираат став и вознемиренозт кај граѓаните.
СДС и Филипче наместо да придонесат со решенија и да покажат чувство за одговорност, повторно избираат да шират паника и да ја злоупотребуваат секоја актуелна тема за политички маркетинг. Граѓаните заслужуваат точни информации, транспарентност и институции што работат во нивен интерес, а не политички спектакли изградени врз шпекулации и сензационализам.
Брзата реакција на владините институции, ќе го реши проблемот во Гостивар во експресен период. Кадарот на Филипче и коалицијата во Гостивар предводена од СДС, ДУИ и Таравари, нема капацитет да ја води општината.
Потребно е сите политички чинители да покажат одговорност, особено кога станува збор за прашања што директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Наместо да се создава непотребна вознемиреност, јавноста треба да добива факти, а институциите да бидат оставени професионално да ја вршат својата работа.
За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено го решава проблемот во Гостивар.
