
Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Лирим Хајредини, директорот на националната телевизија Алсат.
Во овие болни моменти, упатуваме најискрено сочувство до семејството Хајредини, неговите блиски, пријатели и колеги, како и до целиот колектив на Алсат.
Лирим беше значајна фигура во медиумскиот простор во земјата и остави свој белег во развојот на новинарството и медиумите. Неговата професионална посветеност и придонес ќе останат во сеќавањето на сите оние кои го познаваа и соработуваа со него.
Неговата загуба е болка за семејството, но и голема загуба за медиумската заедница и нашето општество.
Во овие тешки моменти, сме со семејството и неговите колеги, споделувајќи ја болката од оваа голема загуба.
Вечен да биде споменот на Лирим Хајредини, стои во соопштението на ВЛЕН.



