Skip to main content
Магазин

Британски возач, со брзина од 654 километри на час постави нов светски рекорд во САД

13/08/2026  19:11

Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд.

Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили.

Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот рекорд.

Енди Грин (64) е поранешен пилот на кралските воздухопловни сили. Светскиот успех го постигнал со автомобил на компанијата „ЈЦБ“