Skip to main content
Хроника

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

10/08/2026  15:24

Двегодишно дете вчера било донесено во Општа болница Куманово по труење со лекови. Детето по укажаната медицинска помош денеска е пуштено на домашно лекување.

– На 09.08.2026 во 14:28 часот во СВР Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено од лекови, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што денеска било пуштено на домашно лекување.

Ова е втор случај на труење на двегодишно дете во Куманово за две недели. Неодамна, двегодишно дете беше затруено откако испило средство за разредување боја.