
Министерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.
На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговараше и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма.
Значаен дел од разговорот беше посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила. Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки.

