
На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од с.Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с.Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с.Истибања, виничко, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. При извршен увид од увидна екипа на ОВР Кочани било констатирано дека Д.Н. не поседува возачка дозвола, а по извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,69 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, Д,Н, е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.


