Skip to main content
Магазин

Топлиот чај може да разлади повеќе од ладен пијалок, покажува студија

22/07/2025  16:38


Иако во летните горештини повеќето посегнуваат по ладни пијалоци, експертите велат дека топлите пијалоци, како чајот, можат да бидат поефикасни за разладување. Истражување од 2012 година, спроведено на Универзитетот во Отава, покажало дека пиењето топол пијалок може да ја намали телесната температура, но само во суви услови.