Skip to main content
Магазин

Алергија на сонце: Како да ја препознаете и заштитите кожата

22/07/2025  16:41


Печење, чешање и осип како да сте ја допреле копривата – ова се најчестите симптоми на алергија на сонце, термин што се користи за различни кожни реакции предизвикани од изложување на сончеви зраци. Дерматолозите објаснуваат дека најраспространета форма е полиморфната светлосна ерупција, која се јавува 24 до 48 часа по изложување, со појава на мали црвени осипи, плускавци и силно чешање, најчесто на рацете, лицето и деколтето.

Алергијата на сонце може да биде поттикната од земање одредени лекови и суплементи или пак контакт со растенија и парфеми што ја зголемуваат чувствителноста на кожата на УВ зрачење. Таа најчесто се јавува по 30-тата година од животот и почесто кај жени.

Дерматолозите советуваат строга заштита од сонце – носење облека со долги ракави, користење креми со висок заштитен фактор (SPF 50 UVA+UVB) и избегнување директно изложување на сонце. При појава на осип, потребна е терапија со антихистаминици и креми со кортикостероиди, а во потешки случаи и системски лекови.

Секогаш е важно да се консултирате со лекар за да се утврди причината за алергијата и да се исклучи можноста за сериозни системски заболувања.