Skip to main content
Македонија

СВР Струмица расчисти повеќе кривични дела „тешка кражба”, „кражба”, „разбојништво”, лишени од слобода четири осомничени лица

19/08/2025  16:00

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица во изминатиот период расчистија повеќе кривични дела од областа на имотните деликти. Имено, во Валандово и Струмица од слобода беа лишени М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека со уште две лица во периодот од 07.07.2025 до 06.08.2025 на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, од кои едно „разбојништво”, една „тешка кражба”, шест кривични дела „одземање моторно возило” и 18 „кражби”.

Лицата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинтиел и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.