Skip to main content
Македонија

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб

21/11/2026  13:59

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче,  на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб и го повика Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% од придонесите во вториот столб.

Филипче посочи дека во новиот предлог-закон, кој е веќе објавен на ЕНЕР, се брише членот 120, и го отвори прашањето дали ова значи дека вториот пензиски  столб нема да постои.

Филипче укажа на сериозната состојба со пензискиот систем, и ризикот во кој се ставени и членовите на вториот пензиски фонд, односно дека над 5 милиони евра не се префлрени во вторито столб.

„ Освен што се пензионерите украдени, дупката во пензискиот фонд е милијарда евра. изминатите месеци не се уплаќаат парите од пензискиот фонд во фондовите за дополнително пензиско осигурување, таканаречениот втор столб. 50 милиони евра недостасуваат и притоа не ги уплаќаат парите во вториот столб. Се поставува прашањето: доведен ли е во ризик вториот столб на сите нас кои плаќаме таму пари за нашите идни пензии?”, праша Филипче.

Тој предупреди дека секое доцнење и неуплата повлекува и камата и побара да се утврди кој ќе ја преземе одговорноста за тие средства.

„Што ако се покренат тужби, ќе ги дадат ли парите плус камата, затоа што секое доцнење и неуплата повлекува и камата? Кој ќе ја преземе одговорноста за каматите?”, рече Филипче.