Skip to main content
Хроника

Пронајдено тело на 38-годишен маж со прострелна рана кај Смилковци

21/11/2026  13:38

На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот.

Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.

Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата.

Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан.